Според прогнозите времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе услови ќе има во западните планински предели.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во охридско-преспанскиот регион ќе има зголемување на облачноста, можен е и краткотраен дожд со ретки грмежи.
Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи во текот на наредните денови ќе продолжи период на доста топло време за овој период од годината. Позначителна промена на временската состојба барем засега се очекува во недела кога ќе има и поголем пад на температурата, зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд.
OhridNews