Според прогнозите времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови од земјата во планинските региони ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 19 до 26 степени.
Во недела претпладне кон југ ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне ќе се зголеми облачноста и на север ќе има услови за краткотраен дожд. Во понеделник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
OhridNews