Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните и југозападните делови ќе има зголемување на облачноста со врнежи од дожд коишто локално ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 21 до 28 степени.

И во четврток ќе се задржи претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд. Во попладневните часови се очекува врнежите постепено да престануваат. Ќе биде и  доста посвежо, со дневна температура од 15 до 22 степена.

OhridNews