Според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност.
Во пладневните часови ќе дува северен ветер кој најпрвин на север ќе донесе нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и повремено засилен ветер. Нестабилноста попладне ќе биде поизразена во источните и југоисточните делови, а температурата ќе биде пониска за три до пет степени.
Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а највисоката дневна од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во следните два дена ќе продолжи нестабилноста со пороен дожд и грмежи, особено во централните и источните делови. Во петок нестабилноста со пороен дожд и грмежи ќе биде позастапена попладне во јужните делови од земјата, а во сабота нестабилноста ќе биде послаба, но и понатаму ќе има условите за појава на пороен дожд во пладневните часови.
OhridNews