Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Попладне на места се очекува поизразена нестабилност со интензивен пороен дожд (над 30л/м2), грмежи и засилен ветер, особено во северните и југозападните делови од земјава. Слично време се очекува и во Охрид. Максималната температура ќе достигне до 29 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7, информират од УХМР.
И за вторник се најавува променливо облачно време со повремен локален дожд, кој попладне ќе има пороен карактер проследен со грмежи, особено во западните делови.. Променливо време ќе имаме и во среда, попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Нестабилно ќе биде и во четврток, со локален дожд и со умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 28-37 степени, а УВ индексот помеѓу 7-8.
OhridNews