Македонија деновиве ќе се пече на + 40 степени Целзиусови. Министерството за здравство излезе со препораки за заштита од високите температури, укажувајќи им на болниците  да обезбедат најмалку една климатизирана просторија, а градовите да ги активираат сите улични фонтани и чешми. Исто така на здравствените установи им се препорачува да обезбедат доволни количини змиски серум.

На граѓаните им се препорачува да избегнуваат директен престој на сонце и какви било напорни активности, да се престојува во затворени простории, пред се климатизирани, да  носат светла и лесна облека, а на  сонце заштитни очила и капа, да внесуваат помали количества храна, а повеќе течности и да избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин.При привремено излегување од возилото се препорачува да се отвори прозорецот за да се овозможи вентилација и да се не остава никого во автомобилот. Посебно дисциплинирани треба да бидат хроничните болни.

Исто така се препорачува задолжително миење на земјоделските – градинарски производи пред нивната употреба, и  внимателно да се конзумира сладолед.

OhridNews