Според прогнозите, времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 5 до 12 степени.
Во Охрид во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, a температура ќе движи од 2 до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини се очекуваат повремени врнежи од снег. Не се очекува некоја позначителна промена на температурата на воздухот.
OhridNews