Според Управата за хидрометеролошки работи денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 20, додека дневните од 25 до 37 Целзиусови степени.

Во недела под влијание на продор на влажна и нестабилна воздушна маса од запад нестабилноста ќе биде поизразена и ќе се задржи и во текот на ноќта, како и во понеделник. На места ќе има пообилни врнежи од дожд, силни електрични празнења и повремено засилен ветер, понекаде во форма на невреме со појава на град.

OhridNews