Во текот на денешниот ден нашето подрачје ќе потпадне влијание на влажен бран од Медитеранот, кој ќе услови зголемување на облачноста и врнежи од дожд во вечерните часови, особено во западните делови. До крајот на неделата се очекува серија на влажни воздушни бранови со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе достигне 5 степени, а максималната дневна до 19 степени Целзиусови.

OhridNews