Скот и Лаура Рид долго се обидувале да основаат семејство, но не успевале. Поради тоа одлучиле да посетат лекар како би провериле дали е се во ред со нивното здравје и поприлично се изненадиле кога ја откриле причината поради која Лаура не успеала да остане бремена. Имено, лекарот им рекол дека за се и виновен лаптопот на Скот кој често го држел на колената додека сурфал на интернет. Објаснил дека силната топлина од компјутерот ја уништила неговата сперма.
Скот веднаш одлучил да поработи на своите лоши навики па настојувал лаптопот да го држи на масата. После три месеци сопругата успеала да забремени. Парот сеуште не можел да поверува дека одговорот на нивниот проблем бил толку едноставен. И експертите предупредиле на овој проблем. Сју Кенворти, биомедицински експерт, советувала мажите да ги чуваат компјутерите на маса, а не на колената.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com