Со клонирањето на најдрагиот домашен миленик, еден пар добил нова можност да се дружи со својот жолт лабрадор. Откако нивното куче Сер Ланселот умрело од рак, Едгар и Нина Ото потрошиле 155 илјади американски долари како би го клонирале. Нина рекла дека би платиле и повеќе доколку тоа било потребно. Процесот започнал во 2008 година кога на нивното куче му бил дијагностициран рак. Нина рекла дека не очекувале дека ќе го изгубат бидејќи бил премлад.
Самото клонирање било извршено во соработка на комапниите БиоАртс од Сан Франциско и Соам Биотек од Јужна Кореја. Така Сер Ланселот станало првото клонирано куче. Мачката Литл Ники била првиот клониран домашен миленик. Цената која ја платила нејзината сопственичка изнесувала 50 илјади долари. Клонираното куче добило име Ланселот Енкор. На свет дошол во 2009 година, а неговите сопственици рекле дека одлично се вклопил во друштво на нивните други кучиња.