Џон Велс, 55 годишен Британец, освоил патување во Њујорк. Планирал да ја поведе сопругата и едвај чекале да заминат. Меѓутоа, ситница им го променила планот. Џон пред 37 години престојувал во Америка и украл едно јаболко. Бил надвор со пријателите и направил глупост. Полицијата го фатила и му наплатила казна од 15 долари. Поради тоа сега мора на разговор во американската амбасада во Лондон за да добие виза. Најбрзо можат да го примате за 2 месеци, така што патувањето ќе им пропадне.


„Не можев да верувам кога ми рекоа дека морам на разговор. Па тоа е два месеци после патувањето, не знам што да правам. Ме третираат на ист начин како убијците и разбојниците. А само украдов едно јаболко“ – вели Џон.

Наградата ја освоил на радиско натпреварување. Се надевал дека тие некако ќе можат да му помогнат. Но и тие не можат ништо да направат.