Селекцијата на Бразил драстично ќе биде ослабена во новото издание на Копа Америка откако поради повреда од комбинација за настап отпадна Нејмар.

Ѕвездата на „кариоките“ ги скина лигаментите на глуждот на контролниот меч кој Бразил го одигра со Катар и го доби со 2-0. Нејмар го очекува пауза од три до четири месеци. Нејмар нема да биде дел од Копа Америка, а голема веројатноста да го пропушти и првите месец дена од новата сезона.

Повредата и отсуството на Нејмар му отворија работа плус на селекторот Тите кој ќе мора да бара замена за членот на ПСЖ. „Кариоките“ имаат уште некој ден да го пријават официјалниот состав со кој ќе атакуваат на титулата.

Копа Америка се игра во Бразил и ќе започне на 14 јуни со дуелот помеѓу домаќинот и Боливија.

OhridNews