Европскиот вицепрвак Пари Сент Жермен може без услугите на Нејмар да се судри со Барселона, во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

Бразилецот, вчеравечер се повреди на Куп дуелот со Каен, кој „светците“ со минимални 1-0 го решија во своја корист. Нејмар се пожалил на болки во стомакот и експресно бил изваден од игра.

Супер ѕвездата нема среќа со повредите кога се однесуваат клучните мечеви за ПСЖ во француската Прва лига и Лигата на Шампионите.

Натпреварот помеѓу Барселона – ПСЖ се игра во вторник (16 февруари), со почеток во 21 часот.

OhridNews