Бразилскиот фудбалер Нејмар ослободен е од обвинението за силување откако полицијата во Сао Паоло ја затвори истрагата поради недоволен број на докази.

Фудбалерот на францускиот првак Пари Сен Жермен пријавен за силување беше од манекенката Најлија Триндаде која имаше и видео снимка. Нејмар и адвокатската екипа веднаш го негираа случајот наведувајќи дека манекенката посакува да изнуди финансиски средства од фудбалерот.

Полицијата веднаш покрена истрага, но ја затвори поради недоволен број на конкретни докази. Пријавата на Нејмар му направи големи проблеми, бидејќи неколку спонзори се откажаа од него поради нарушениот изглед.

Судот во Сао Паоло ќе поднесе тужба против Триндаде за клевета и лажно обвинување.

OhridNews