Најскапиот фудбалер во клубот и историјата на фудбалот, Нејмар не се појави на првиот тренинг од Пари Сент Жермен, кој означи почеток на подготовките за новата сезона.

Клубот веднаш со официјално соопштение најави дека Нејмар ќе биде соодветно казнет поради непочитување на клупските правила и одредби. Бразилецот кој посакува кам бек во Барселона советуван бил да не прави проблеми и да се појави на тренингот, но тој не ги послушал советите и во знак на револт не бил дел од екипата.

„Светците“ покрај казната и евентуалната суспензија најавија дека подготвени се да ги разгледаат понудите за услугите на Нејмар. Покрај тимот на Барселона во своите редови бразилскиот ас го посакуваат и „кралевите“ кои во минатото имаа и некој првичен контакт.

Нејмар од Барселона во ПСЖ пред две сезони за трансфер вреден 222 милиони евра, кој е рекорд во светскиот фудбал.

OhridNews