Бразилецот Нејмар го предводеше ПСЖ до убедлив триумф (6:1) против Црвена ѕвезда синоќа во Париз во Лигата на шампионите. Нејмар е задоволен од играта на целиот тим.

– Ова беше наша најдобра игра во досегашниот тек на сезоната. Не ги потценивме, напротив, одигравме со многу желба и мотив. Задоволен сум како функционираше целиот тим. Јас постигнав три гола, но не е важно кој е стрелец, туку тимот да победува. – изјави Нејмар.

ПСЖ во „групата на смртта“ има три бода по две рунди, исто како и Ливерпул. Лидер е Наполи со четири бода, Црвена ѕвезда има еден.

Во следното коло парижаните се среќаваат со Наполи.

OhridNews