Селекцијата на Бразил на крилата од Нејмар кој постигна три погодоци ја совлада репрезентација на Перу и го задржа максималниот ефект после два одиграни натпревари во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Нејмар со трите погодоци дојде до бројката од 64 погодоци во дресот на Бразил, со што го престигна легендарниот напаѓач Роналдо кој има 62 голови.

Следен предизвик за Нејмар ќе биде првиот на вечната голгетерска листа Пеле. Еден од најдобрите фудбалери кои играле со „бубамарата“ има 77 погодоци за „кариоките“.

Сепак, најголем предизвик за Нејмар ќе биде освојување на титула од Светските првенства. Роналдо и Пеле можат да се пофалат со таков успех победувајќи со Бразил на светските шампионати.

OhridNews

 

Аргентина славеше против Боливија, Нејмар го разигра Бразил (видео)