Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар во видео објавено на ТикТок му даде поддршка на актуелниот шеф на државата Жаир Болсонаро, три дена пред претседателските избори во Бразил.
Напаѓачот на ПСЖ кој има повеќе од осум милиони претплатници на ТокТок и речиси 180 милиони на Инстаграм, во видеото ги повика бразилските гласачи да гласаат за Болсонаро и да го заокружат бројот 22 на гласачкото ливче.
Болсонаро веднаш го сподели видеото на Нејмар на својот Твитер профил.
Пред еден месец, бразилскиот претседател, исто така, на Твитер објави негова фотографија со фудбалска топка која му ја подари Нејмар.
Последните анкети во Бразил покажуваат предност на поранешниот левичарски претседател Лула да Силва. За него според анкетите в недела ќе гласаат 47 отсто од избирачите, додека десничарот Болсонаро може да се надева на поддршка од 33 отсто.
OhridNews