Бразилецот Нејмар прво на трибините, а после од аут линијата го проследи мечот помеѓу Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ со гол пенал во судиското продолжение го совладаа францускиот првак со 3-1 и ја надополнија негативата 2-0 од првиот меч. Манчестер Јунајтед понатаму продолжи благодарение на голот повеќе постигнат во гости.

Нејмар кој прво беше шокиран од елиминацијата час поскоро се обрати преку социјалните мрежи и ги нападна судиите на чело со Дамир Скомина.

Ова е срам за фудбалот. Ставиле четворица луѓе кои не знаат да погледнат ниту обична снимка. Пенал не постои. Како да ги стави рацете зад грб во ваква ситуација. Оде*те сите. – напиша Нејмар.

Поради ваквите пишувања и прозивки Нејмар сигурно ќе соочи со некоја санкција, но попусто кога Манчестер Јунајтед приреди сензација и продолжува понатаму во ЛШ.

OhridNews