Фудбалската супер ѕвезда Нејмар се најде во центар на мега скандал во Франција и Бразил. Фудбалерот на ПСЖ имал љубовна афера со Изабел Гулар која е свршеница на германскиот голман Кевин Трап.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, аферата помеѓу Нејмар и Гулар се случила во текот на карантинот во време на пандемијата на коронавирусот кога граници беа затворени, и Трап не можеше да се врати во Париз каде живее со поранешниот модел на Викторија Сикрет.
Ако се точни информациите од Бразил, Нејмар и Трап за многу брзо време ќе се сретнат во Париз и во четири очи ќе треба да ги решат проблемите околу љубовната афера.
OhridNews