Во билтенот деструктивни настани ова лето, кои за жал ги имаше многу, го бележиме и намерното уништување на рампата за контрола на влезот во населбата Месокастро во близина на црквата Св. Богородица Каменско.
Засега непознат сторител попладнево оштетил една од рампите и го онеспособил автоматскиот систем на контролам поради што мораше да интервенира екипа на јавното претпријатие за стопанисување со паркинзи и спортски објекти „Билјанини извори“.
Рампите во овој дел од градот сега се надвор од употреба, додека не биде извршена соодветна поправка.
Иако се под видео надзор, рампите со кои се контролира влезот и излезот на автомобили во стариот дел на градот за време на главната туристичка сезона, постојано се оштетуваaт уште од нивното поставување.
Г.М.