Струшко Велешта во црно по загубата на Неџип Вренези, момчето кое што беше убиено во терористичкиот напад во Виена. 20 годишното момче е родено и пораснато во Виена, Австрија, но никогаш не му било тешко да дојде во татковината на одмор. Неџип завршил Воена академија и ден пред напаѓачот да му го одземе животот, добил вест дека е пример на работа, објави во сторијата за немилиот настан телевизијата 21.

Оваа вест бескрајно ја потресе нашата фамилија. Кога ја слушнавме веста дека момчето е нападнато беше шок за семејството и за нас. Момчето само што заврши воена академија и го примија на работа, излезе да прослави со друштвото, излегол да запали цигара надвор и напаѓачот го погодил, бил на неколку метри, потоа се вратил назад. Бил жив, кога видел дека мрда, се вратил и повторно пукал и тогаш починал. – раскажува за Тв 21 тетката на Неџип.

Во нападот во Виена што се случи на 2 ноември, животот го загубија 4 лица и повредени се 20 други. Австриската полиција успеа на лице место да го усмрти напаѓачот Кујтим Фејзули, чии родители се од тетовско Челопек.

Целосната сторија може да ја прочитате на следниот линк.

OhridNews
извор: Тв 21