На една бразилка крадците и оставиле пари наместо да и го украдат автомобилот кога сфатиле дека тој е во крајно лоша состојба. Флавиа Алкантара од Бело Хоризонте оставила порака на шофершајбната предупредувајќи ги крадците дека не им се исплати да го украдат нејзиниот автомобил.
-Господине крадец, ве молам немојте да го крадете овој автомобил.Нема акумулатор ниту резервна гума. Целосно е во многу лоша состојба. Однапред ви благодарам на разбирањето.- пишувало во пораката.
Сепак некој се обидел да го украде автомобилот, но на крајот се премислил и дури и оставил и пари.
ohridnews