Почитувана редакција,поцитувани читатели.Инспириран од колумната на  мојот колега, Г-дин Никола Манески , не можам а да не реагирам , барем на дел од написот на колумната на Манески.

            Пред се и изнад се треба и новинарскиот еснаф , еднаш засекогаш јавно да каже кој се матни игри и игрички ни се случуваат во тој еснаф,и кој е главниот кривец во сатирите наречени Медиум и професионален .Новинар.

            Да жално но е вистинито а тоа е фактот да на овие наши 200 километарски транзициски простори владее хаос насекаде,слепило и лудило,а такво лудило владее и во Медиумите.Денес вероватно најдобро за правење на сеир е да си поседуваш медиум,па да си правиш циркуз и забава за потесни народни маси ,кој пред се и зад се си го ставаат својот личен интерес,дал е мал или голем тие добро си знаат ,но сепак за ситни лични интереси спремни сме и крокодили да фрлиме во Охридското езеро,и утредента како некој си наводен новинарски еснаф да го убедуваме народот дека тие се корисни , и ако природната средина не му е тука.Нејсе медиум може да трпи се ,дали е тоа пишан,електронски независно ,се е во рацете на газдта и неговиот ментор(спонзор),на кого газдата на медиумот не може ниту во еден случај да му рече не ,ова не оди така,не е професионално етички ,новинарски и тн.,од проста причина што во овој наш курвински професионален наводен свет владее само ’евро етика’.Во една пригода во едно мое писммо до редакцијата на ohridnews, а во врска со објавата на некои медиуми за исчезнувањето на иглата наречена брод,јавно кажав јасен став дека е крајно време да престанеме да глумиме лудило ,туку да се зафатиме малку на она наше основното ,а тоа е истражувачкото новинарство,и како еснаф ние сме тие кои треба да бидеме мониторинг на работата на власта ,а не нас власта да ни биде мониторинг и критичар.Дека кај нас се е обратнопропорционално од реалното еден прост пример,а тоа е кога се даде наредба за апсење на најголемиот македонски патриот Лубе Бошкоски , новинарскиот естабилишмент на државната телевизија МТВ,тогаш ке го прикаже Бошкоски како звер ,убиец ,државен непријател број 1, ке се организира акција пред тоа пред МВР на РМ со паролата на новинарите по теркот тика сме тепајтене со плави маички и добри свирчина ,за сега сосема спротивно да ни прикаже еден вистински Љубе Бошкоски,па со право овој нормален народ ке се запраша со што се не клукаат овие наши медиуми и како тоа набрзина созреваат.Не што во МТВ се променал новинарскиот естабилишмент ,тој е истиот но сега се променаа налогодавачите,тоа е она наша новинарска хипокризија.Како пример како треба да делува еден медиум ,да ги земеме каналите на Хрватската државна телевизија како јавен сервис ,е таму нема милост за никого ,без никаква разлика дали се работи за власт и опозиција,туку се работи за професионален новинарски етички кодекс кој малку новинари во Македонија го познаваат.

            Во ниту една земја во светот неможе да поставите ’кловн’на телевизија ,каде што на тој истиот ке му остапите  два часа простор,ке вклучувате гледачи во програма,на истиот тој ’кловн ’ке му дозволите како медиум да плука по секого и наместо таа емисија да ја именувате како забавно хумористична програма ,ке ја именувате со незнам каков отворен екран со политичка позадина.

            Е вакво нешто може да опстане само кај нас и на овие простори, но каде е тука СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА КОЈ Е МОНИТОРИНГ НА РАБОТАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ МЕДИУМИ??????КАДЕ Е ТУКА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, КАКО РЕСОРНО МИНИСТЕРСТВО????

            Кога во некој медиум било каков и да е кога некое лице,новинар ,уредник ,гостин ке тврди дека некој има извршено јавно кривично дело,треба секако да реагира и Обвинителството,но обвинителството треба да реагира и во оној момент кога некој ке ја злоупотреби својата службена положба и овластување согласно Член 353 ст.1 од ЗКП на Р.М., како и уште едно поголемо кривично дело казниво според Кривичниот законик на Р.М. по Член 175,ст1,2 и 3, Омаловажување јавно на лице со цел да му се нанесе нематеријална и материјална штета.Е токму во Охрид на еден наш локален медиум истото ова погоре изнесено се случи и се така тивко помина.Но каде сме ние како новинари во целата оваа приказна ?!Зошто еднаш не се јавиме јавно ,јасно и гласно да ги осудиме ваквите глупости на поединци?!Зарем двете новинарски здруженија ни служат да пред народот си дадеме поголемо значење да ние преставуваме друг профил на грагани во оваа држава ,профил кој може да си тресе зелени и да се гледа малку поинаку во своето скршено огледало?!!Крајно време да се осудат поедини медиуми јавно од нас новинарите,зошто само така и на таков начин ке си ја запазиме нашата новинарска чест углед и достоинство.Зошто само на таков начин нема да постанеме наемни работници на поединци кој си ги лечат своите комплекси преку својот медиум,додека нивните спонзори си го мерат на кого му е подолг.

 Со почит,
Сашо Денесовски-Новинар

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.