Продолжува негативниот тренд на оштетување на јавните добра во градот. Последниот пример е инфраструктурата во близина на рекреативната патека од каналот Студенчишта до Горица, односно пунктот на јавното комунално претпријатие кај паркингот до центарот за обука на вода. Очигледно дека некој со автомобил ги занемарил ивичниците и другите бетонски препреки и поминал како да не се тука. Штетата утрово ја бројат комуналните служби.

OhridNews