-Половина од вакцините ги употребивме, а половина оставивме за втора доза. Во текот на утрешниот ден или задутре очекуваме да пристигнат нови количини од вакцината која ќе ја има доволно, изјави за Ohridnews, Атанаско Михаилов – раководител на Заводот за здравствена заштита од Охрид.
Михаилов вели дека интересот на охриѓани за вакцинација е задоволителен и дека се вакцинираат граѓани од сите возрасни групи, хронично болни и здрави.
Тој информираше дека во Охрид се регистрирани повеќе случаи на свински грип, но ниту еден не бил со тешка форма.