Како резултат на се поизразеното и насекаде околу нас присутно насилство од секаков вид, а со цел поттикнување на размислување, препознавање и превенција од насилство помеѓу младите во љубовта, во насока на развивање на здрави односи помеу нив, како основа за создавање на здраво семејство, Црвен крст Охрид со поддршка на Центарот за култура “Григор Прличев”, организира интерактвина, едукативна трибина на тема “Праг на толеранција во љубовта меѓу младите”.
Трибината ќе се одржи денеска, 11 мај, во два дела. Најпрвин во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе дебатираат возрасните, додека трибината за младите ќе се одржи во 21 часот во кафе барот „Немо“.
Предавачи ќе бидат психолозите Нада Поп Јорданова и Жанета Никовска – Стојковска, како и претставник од СВР Охрид, а модератор на трибината ќе биде Анета Јованоска.
Целта е преку овие трибини пораката “НЕ Е ЉУБОВ АКО ИМА НАСИЛСТВО” да допре и најде примена кај сите оние кои сакаат да љубат и бидат љубени.