Британецот Џејсон Батон, возачот на Браун ГП тимот, ќе стартува од пол позиција на трката за Големата награда на Малезија, која во недела ќе се вози на стазата Сепанг.
Батон труимфираше минатата недела во Австралија тргнувајќи од пол позицијата. До својата втора пол позиција оваа сезона, дојде остварувајќи на квалификацискиот тренинг време од една минута и 35.181 секунди .
Во првиот стартен ред покрај Батон, ќе биде и возачот на Тојота Јарно Трули, додека трето најдобро време оствари Себастијан Фетел од Ред Була, но тој поради казната која му е изречена поради сударот на трката во Австралија ќе стартува од 13-та позиција.
Рамо до рамо во вториот стартен ред на трката за Големата награда на Малезија требаше да биде Рубенс Баричело (Браун ГП), откако го освои четвртото место на денешните квалификации, но поради казната изречена вчера (по повод промената на менувачот), тој утрешната трка ќе ја започне од деветтата позиција.
По сите овие рокади од вториот ред веднаш зад Батон и Трули ќе стартуваат Тимо Глок (Тојота) и Нико Розберг (Вилијамс).
Моќните Ферари и Мекалрен повторно потвфрлија.Актуелниот првак Луис Хамилтон ќе стартува од 14-та позиција, а неговиот клупски колега Ковалаинен од 15-та позиција. Кими Раиконен од Ферари ќе ја почне трката од осмото место, а Маса од седумнаесеттата позиција