Германката која пријавила кражба, мислејќи дека крадци ја испревртеле се во куќата, морала да се извини кога дознала дека нередот го направила ќерка и барајќи ги бикините. Силвија Ригер (16) се појавила кога полицијата се обидувала да открие како влегле крадците во куќата и и рекла на мајка и дека не успеала да ја среди куќата откако ги барала бикините.
„Фиоките беа превртени, шкафовите отворени. Тотален хаос, но немаше знаци за кражба“ – рекол полицискиот портпарол.
Силвија признала дека мајка и постојано ја кара бидејќи е неурена.
„Но, не верував дека сум направила толкава штета“ – рекла таа.