Мајами ги совлада „лејкерси“ со 111-108 во петтиот меч од финалната серија “подобар од седум“ во НБА Лигата. Со овој триумф „жешките“ намалија на 3-2 во серијата и останаа во игра за шампионскиот прстен.
Во победничкиот тим најдобар поединец беше Батлер кој мечот го заврши со „трипл дабл“ учинок (35 п/ 12ск/ 11асс). Комплетната прва „петорка“ во победничкиот тим мечот го заврши со двоцифрен број на поени.
Кај „лејкерси“ кои се на една победа од 17. титула потфрли „клупата“. Ле Брон Џејмс уфрли 40 поени имаше и 13 скока и 7 асистенции, додека Дејвис „само“ 28 поени и 12 скока.
Популарните „Мамба“ дресовите посветени на Коби Брајант со кои ги играа мечот, овој пат не им донесоа среќа на „лејкерси“. За нив ова беше прв пораз во разигрувањето во оваа гарнитура.
Шестиот меч од финалната серија се игра во недела.
OhridNews