Кошаркарите на Денвер Нагетс се на чекор до освојување на титулата во НБА лигата, откако го добија и вториот меч во Мајами над Хитс. Нагетси славеа со 108:95 и поведе во серијата прв до четири со 3:1.
Арон Гордон постигна 27 поени за Денвер, Јокиќ уфрли 23 и имаше 12 скока и 4 асистенции, а Браун мечот го заврши со 21 поен. Кај Мајами најефикасен беше Џими Батчер со 25 поени, Адебајо постигна 20.
Следниот меч се игра ноќта понеделник на вторник во Денвер.
Г.М.