Раководството на НБА лигата и Здружението на играчи се на чекор до постигнување договор за намалување на минималната возрасна граница за играчите кои смеат да се пријавуват на драфтот од 19 на 18 години.
Новото правило за возрасната граница би требало да важи од 2024 година.
Минималната возраст на играчите кои смеат да бидат драфтуван беше покачена од 18 на 19 години во 2005 година, откако се поголем број играчи го прескокнуваа универзитетското образование.
Вкупно 48 играчи дојдоа директно од средните училишта во НБА лигата, меѓу кои најпознати се Леброн Џејмс (2003 година), Коби Брајант (1996), Кевин Гарнет (1995) и Двајт Хауард (2004).
OhridNews