Кошаркарите на Голден Стејт ја искористија втората меч топка во серијата со ЛА Клиперс и обезбедија пласман во 1/2 финалето од западната конференција. „Воините“ во 1/2 финалето силите ќе ги одмерат со Хјустон.
Најдобрата екипа на западот до четвртиот триумф во серијата стигнаа со победата на гостински терен 129-110 во „Стејплс центарот“. Клучна улога во победата на Голден Стејт одигра Кевин Дурент кој постигна 50 поени.
Првата фаза од плејофот ќе се комплетира со „мајсторката“ помеѓу Денвер и Сан Антонио.
OhridNews