На три од четирите мечеви кои синоќа означија почеток на возбудувањата во плејофот од НБА лигата победа славеа гостите. Единствен тим кој ги израдува своите навивачи на домашен терен беше бранителот на трофејот Голден Стејт. „Воините“ со 121-104 го совладаа ЛА Клиперс.

Триумф на гостинските терен извојуваа Бруклин, Орландо и Сан Антонио победувајќи ги Филаделфија 111-102, Торонто 104-101 односно Денвер 101-96.

Резултати: Филаделфија – Бруклин 102-111 (0-1), Торонто – Орландо 101-104 (0-1), Голден Стејт – ЛА Клиперс 121-104 (1-0), Денвер – Сан Антонио 96-101 (0-1).

OhridNews