Составот на Филеделфија поведе со 2-1 во полуфиналето во источната конференција совладувајќи го тимот на Торонто пред своите гледачи со 116-95 во третиот натпревар од серијата.

„Сиксерси“ во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот, но клучниот чекор кон победата го направија во последниот квартал. Домаќините ја добија двоцифрено со 27-14 и направија чекор напред кон финалето во источната конференција.

Најпрецизен во тимот на Филаделфија беше Ембилд со 33 поени, додека кај Торонто ист број на поени постигна Ленард. Следниот четврти натпревар исто така се игра во Филаделфија.

OhridNews