Л.А. Лејкерс го направија првиот брејк и со победата (93-91) во Аламо Домот, го доведоа шампионот Сан Антонио на работ на елиминација.

Лидерот Брајант го предводеше тимот со (28 п и 10 ск), додека Ламар Одом додаде 16 п и 9 ск. Интересно Брајант ниту еднаш во мечот не застана на линијата за слободни фрлања.


Најефикасен на мечот беше Тим Данкан со (29 п.и 17 ск.) но неговите поени не беа доволни да се избегн првиот пораз во плеј оффот на домашен терен.


Првата меч топка Лејкерси ќе ја имаат во четврток на домашен терен.„Езерџиите“ во големото финалепоследен пат играа  во 2004 година, кога загубија од Детроит со 4:1.

ohridnews