НБА-ѕвездата со македонско потекло Џеди Осман и ѕвездата на турската хит-серија „Невозможна љубов“, актерката Ебру Шахин денес во Охрид ќе го кажат судбоносното „да“.
Тие во Охрид деновиве уживаат во дружењето со роднините и посета на повеќе локации во Охрид, меѓу нив и Св. Наум каде во текот на вчерашниот ден беа на ручек. Дека парот ужива во убавините на Охрид покажуваат и фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи.
Ебру е позната турска актерка, па се смета дека ова ќе биде најспектакуларната прослава што ќе се случи покрај Охридското Езеро.
НБА-ѕвездата е со македонско потекло, роден во Македонија во 1995 година. Игра за Кливленд, а неговото богатство се проценува на над 50 милиони долари.
Шахин и Осман во мај минатата година направија веридба со церемонија во кругот на семејството.
OhridNews