Супер ѕвездата на Минесота, Карл Ентони Таунс се соочи со голема трагедија откако почина мајка му на 60-годишна возраст. Џеки Таунс почина како последица од коронавирусот, а не е познато дали претходно боледувала од нешто друго.

Тажната информација ја пренесе клубот каде што настапува Таунс, екипата на Минесота.

Џеки беше жена, мајка, ќерка, баба, сестра, вујна, пријател. Беше сила на семејството Таунс. Прекрасна, грижлива личност која го одушеви секој кој ја запозна. Никогаш нема да можеме да ја замениме нејзината енергија и страст. – се вели во соопштението од Минесота.

 

24-годишниот Карл Ентони и потесното семејство на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите луѓе за поддршката а посебно на медицинскиот персонал кој дал се од себе во битката за животот на Џеки Таунс.

OhridNews