Екипите на Хјустон Рокетс и Вашингтон Визардс договорија размена на кошаркари. Во составот на Вашингтон се преселува Расел Вестбрук, додека на спротивен правец замина Џон Вол.
Како причина за заминување на Вестбрук од Хјустон е статусот на првата ѕвезда кој го ужива Џејмс Харден. Весбрук не сакал да биде сенка и по секоја цена посакувал трансфер во друг клуб.
Во размената е уклучен и првиот кошаркар на драфтот во 2023 година кој ќе го засили Хјустон.
Две супер пресметки на почетокот од сезоната
На 22 декември, со две супер пресметки ќе започне новата сезона во НБА лигата. На програмата од првиот натпреварувачки ден се дуелите Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс односно Голден Стејт Вориорс – Бруклин Нетс.
Божиќната програма во НБА лигата ќе ја одбележи пресметката помеѓу ЛА Лејкерс предводен од Леброн Џејмс и Далас Мавериск предводен од Лука Дончиќ.
Актуелен првак е Лос Анџелес Лејкерс.
OhridNews