Екипата на Атланта каде настапува Македонецот, Перо Антиќ забележа трилер победа на гостински терен над Јута Џез 112-110 и ја прекинаа серијата порази.
Антиќ во победата над „џезерите“ имаше солиден учинок од 12 поени, три скокови и три аситенции и ја продолжи серијата на квалитетни игри по враќањето од повредата.
Најефикасен во победничкиот состав беше Кајл Корвер со 26 поени, Милсап постигна 23 кошеви, а Тига и Керол со 14 односно 11 поени ја комплетираа одлична ноќ за „јастребите“ во Салт Лејк Сити.
Мх.П.