Кошаркарите на Торонто со триумф на домашен терен ја отворија финалната серија во НБА лигата. „Рептилите“ во „Скотбанк арената“ го совладаа бранителот на трофејот Голден Стејт со 118-109 (25-21, 34-28, 29-32, 30-28).

Во првата четвртина се играше изедначено, а мала разлика домашните кошаркари изборија со добриот финиш (25-21). Предноста за дополнителни шест поени екипата на Торонто ја зголеми во вториот квартал кој го доби со 34-28.

Во третиот период „воините“ заличија на себе и почнаа да играат во препознатлив стил, но против себе имаа и разигран противник. Торонто го издржа налетот на гостите и не дозволи да ја испушти предноста иако ја изгуби третата делница. Во решавачкиот четврти квартал Торонто предводен од домашната публика одигра на ниво го задржа водството и го направи првиот исчекор во финалето.

Сенагалецот Паскал Сијакам со 32 кошеви беше најпрецизен во редовите на Торонто, а 23 постигна Каваи Ленард. Стеф Кари од редовите на Голден Стејт со 34 поени го понесе епитетот најефикасен на натпреварот.

Вториот меч од финалната серија исто така се игра во Торонто.

OhridNews