Актуелниот шампион во НБА лигата, Торонто се избори за мајсторка во полуфиналниот дуел со Бостон, откако триумфираше во шестиот натпревар со 125-122 и изедначи на 3-3 во серијата.

„Рептилите“ до третата победа стигнаа после дополнителни продолженија, откако регуларниот дел од натпреварот заврши со идентични бројки на семафорот. Во продолженијата Торонто за нијанса беше подобар ривал и обезбеди седми натпревар кој ќе претставува да се биде или не, за двете екипи.

Лос Анџелес Клиперс од меч во меч ја потврдува фаворитската улога во серијата со Денвер. „Клиперси“ во четртиот натпревар ја забележаа третата победа и се доближија на чекор од пласман во финалето. ЛА Клиперс славеше со 96-85.

Резултати:

Бостон – Торонто 122-125 (3-3)

Денвер – ЛА Клиперс 85-96 (1-3)

OhridNews