Кошаркарите на Портланд го дуплираа водството (2-0) во серијата со Оклахома, додека екипите на Торонто и Денвер во вториот меч на домашен терен извојуваа победи над Орландо односно Сан Антонио и го изедначија резултатот во серијата.
Најнеизвесно беше во Денвер, каде домашниот состав со пресврт успеа да го совлада составот на Сан Антонио 114-105. Гостите имаа десет позитива после првите две четвртини, а домаќините во третата и четвртата ја надохнадија негативата и успеаја да слават со девет поени разлика.
Тимот на Портланд го загуби првиот квартал, но ги доби следните три за конечна победа 114-94. Со двете победи „блејзерси“ максимално ја искористија предноста на домашен терен и стигнаа до водство2-0. Торонто ја забележа најубедливата победа синоќа. „Рептилите“ на Орландо не му дадоа ниту трошка надеж за поволен резултат совладувајќи го со 111-82.
Резултати: Торонто – Орландо 111-82 (1-1), Денвер – Сан Антонио 114-105 (1-1), Портланд – Оклахома 114-94 (2-0)
OhridNews