Кошаркарите на Торонто, ги вратија работите на почеток во финалето од источната конференција победувајќи во двата последователни натпревари на домашен терен за егал (2-2) во серијата со Милвоки.

„Рептилите“ до триумфот (120-102) во четвртиот стигнаа со доминатна игра од стартот до крајот на мечот. Домашните кошаркари не му дозволија ниту една четвртина, што доволно покажува со каква мотивација настапија Ленард и дружината.

Во првиот квартал Торонто поведе со 32-31, а после вториот на семафорот обезбеди двоцифрена предност добивајќи го со 33-24. Третиот период на домаќините им припадна со 29-26, а точка на победата ставија во четвртата четвртина со 29-26.

Петтиот натпревар од серијата во финалето на истокот се игра на теренот од Милвоки, а екипата што ќе победи ќе биде еден чекор поблиску до големото финале.

OhridNews