На кошаркарите од Лос Анџелес Лејкерс им недостига уште еден триумф во финалната серија со Мајами да стигнат до титулата во НБА лигата. „Езерџиите“ до победата број три дојдоа со тесен резултат 102-96, по четвртини (27-22, 22-25, 26-23, 27-26).
Синоќешниот натпревар понуди најдобра кошарка во финалето. Ниту еден тим во текот на целиот меч не се одлепи повеќе од пет поени. „Лејкерси“ клучната разлика ја направи во финишот кога двоецот Џејмс-Дејвис презеде поголема одговорност.
Џејмс мечот го заврши со 28 поени, 12 скоково и 8 асистенција, а Дејвис со 22 поени, 9 скокови и 4 асистенции. Тивок херој беше Кандејвијус Коудвел-Поуп кој уфрли 15 поени во последните две четвртини. На другата страна Џими Батлер беше на чекор од нов трипл-дабл учинок (22 поени, 10 скокови и 9 асистенции).
Петтиот натпревар се игра петок кон сабота после полноќ.
OhridNews