Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ, дефинитивно нема среќа во НБА лигата, откако на вчерашниот дуел со Индијана ја скрши раката.
Босанецот настрада при обид за блок на нападот од противничкиот играч Бродгон. Нуркиќ деновиве ќе биде опериран, по што точно ќе се знае колку ќе паузира.
The play where Jusuf Nurkic broke his wrist 🙏
(via @NBCSNorthwest)pic.twitter.com/xwwI5BhfbP
— Dime (@DimeUPROXX) January 15, 2021
Нуркиќ минатата година паузираше долго време поради скршеница на ногата, а сега го очекува нова, после фрактурата на раката.
Што се однесува до мечот, Индијана ги освои бодовите, победувајќи го Портланд со 111-87.
OhridNews