Кошаркарите на Голден Стејт и Бостон со победи ги отворија полуфиналните серии на западот односно на истокот во НБА лигата. „Воините“ во неизвесен натпревар славеа против Хјустон 104-100, додека „детелините“ на гостински терен го совладаа Милвоки 112-90.
Голден Стејт предводен од Кевин Дурант кој реализираше 35 поени го совлада Хјустон и поведе со 1-0. „Ракетите“ имаа свои мигови, а најдобриот играч Џејмс Харден не` реализираше обид за три поени кој мечот ќе го одведеше во продолжение.
Бостон до триумф во Фисерв Форум арената стигна со доминатна игра во текот на целиот натпревар. Кајри Ирвинг и дружината добија три од четирите четвртини и заслужено го направија првиот победнички чекор во серијата. „Детелините“, првата четвртина ја добија со 26-17, третата со 36-21, а четвртата 24-19. Домаќините само во втората покажаа надмоќност, но тоа беше премалку за позитивен резултат.
Сериите продолжуваат за два денови, а домаќините се истите екипи како и во првата рунда.
OhridNews