Кошаркарите на Торонто се наоѓаат на една победа од пласман во големото финале од НБА лигата, откако во конференциското финале поведоа со 3-2 во серијата со Милвоки. Меч топка тимот на Торонто ќе има во шестиот меч кој ќе одигра пред своите гледачи.

„Рептилите“ до победата и првото водство во источното финале стигнаа со тесниот триумф 105-99 (22-32, 24-17, 26-26, 33-24) на гостински терен. Торонто цели три четвртини имаше негатива и констатно резултатски заостануваше, но во последниот квартал составот предводен од Лилард експлодираше во нападот, а во одбрана добро го затвори Антетокумпо.

Првата виолина во екипата на Торонто,  Лилард реализираше 35 кошеви, а додаде 9 асистенции и 7 скокови, додека адутот на „бакси“ Антетокумпо финишираше со 24 поени и по 6 скокови и асистенции.

Победникот од серијата на истокот силите во големото финале ќе ги одмери со Голден Стејт, кој со 4-0 го преслуша Портланд во западнато финале.

OhridNews