Кошаркарите на Мајами се пред портите од големото финале во НБА лигата, откако во серијата со Бостон ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар. „Жешките“ триумфираа со тесен резултат 112-109, по четвртини (24-23, 26-21, 27-32, 35-33).

Херој на Мајами беше младиот Тејлор Хиро кој поститгна неваројатни 37 поени. Хиро е втор 20-годишен кошаракар кој во историјата на плејофот уфрлил 37 поени. Мразот на „тинејџерите“ го скршил Меџик Џонсон во 1980 година со 42 постигнати кошеви.

Петтиот натпревар во кој Мајами ќе ја има првата „меч топка“ се игра в петок на 26 септември.

Последен пат Мајами во големото финале играше пред шест години кога ви тимот беа Леброн Џејмс, Крис Бош и Двејн Вејд.

OhridNews